Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

Јавен повик

Е-пошта Печати PDF

 

Врз основа на член 49 став 2 и 4 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11) и член 67 од Статутот на Општина Бутел “Службен весник на град Скопје“ бр. 08/05) Градоначалникот и Одделението за јавни дејности на Општина Бутел, објавува

 


Јавен повик
за искажување на интерес и прибирање на барања за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација
„Љубански карневал –Прочка 2014“

 

1. Распределба на средствата наменети за организација на манифестацијата „Љубански карневал-Прочка 2014“ се планирани во Буџетот на Општина Бутел за 2014 година, во програма К4 - Културни манифестации и творештво, ставка 463110 - трансфери до здруженија на граѓани и фондации.

2. За организација на манифестацијата од точка 1 вкупно се предвидени 30 000 денари.

3. Манифестацијата „Љубански карневал-Прочка 2014“ ќе се одржи на ден 02.03.2014 година, во с.Љубанци.

4. Здруженијата на граѓани кои пројавуваат интерес за доделување на средства за организирање на „Љубански карневал-Прочка 2014“ треба да ги исполнат следните критериуми:

• Да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;

• Да извршуваат активности од областа на карневалската традиција и

• Да спроведуваат активности поврзани со карневалски фестивал од минимум 1 (една) година.

 5. Доколку ги исполнуваат критериумите од точка 3, Здруженијата на граѓани и фондации до Одделението за јавни дејности, преку архивата на Општина Бутел, треба да ги достават следните документи/прилози:

 • Барање за доделување на средства за организација на „Љубански карневал –Прочка 2014“

• Фотокопија од решението за регистрација на здружението на граѓани и

• Предлог програма која ќе вклучува деловни активности со потребни финансиски средства.

6. Здружението на граѓани се обврзува по завршување на ликовната колонија за доделените средства да изготви деловен и финансиски извештај и да го достави до Одделението за јавни дејности.

7. Јавниот повик за избор трае од 21.02.2014 до 24.02.2014 година, по кој период Комисијата за избор ќе го извести избраното Здружение.


Скопје, 21.02.2014, Одделение за јавни дејности