Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

Почна изградбата на опожарените куќи во Циглана

Е-пошта Печати PDF

На 25.02.2014 г. општина Бутел ја почна изградбата на опожарените куќи во месноста Циглана. Станува збор за триесетината станови што изгореа кон крајот на минатата година.

Помош за семејствата од опожарените куќи стигна од повеќе институции: Владата на РМ, Градот Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за транспорт и врски. Главен координатор, односно носител на работите е општина Бутел. Помош даде и ПУИГ при изработката на проектот за темелна реконструкција и изградба на становите и истите превземаат обврска за изгрдба на седум станови.

Општина Бутел по распишаниот тендер за изградба на 26 станови, изведбените работи му ги додели на најповолниот понудувач градежната фирма ,,Галаб“ од Скопје.

Обврска на изведувачот е во рок од 35 работни денови да ја завршат целокупната работа и опожарените станови да ги доведат во состојба на вселување. Инвестицијата ќе чини околу 17 000 000,00 денари.

Кон крајот на минатата и на почетокот од оваа 2014 година се случија повеќе пожари на територијата на општина Бутел. Градоначалникот Петре Латиновски на сите им излезе во пресрет со првична еднократана помош.

ciglana1 ciglana2 ciglana3
ciglana4 ciglana5