Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

НОВ ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБ ВО ЉУБОТЕН

Е-пошта Печати PDF

26.02.2014 год. Општина Бутел ја заврши изградбата на петтиот пензионерски клуб на нејзина територија. Станува збор за клубот на пензионерите од с. Љуботен што се наоѓа на главната селска улица.

На стариот и руиниран објект му е извршена комплетна адаптација и реконструкција по што се добиени 35 м2 корисна површина. Обновена е фасадата на објектот и ставени се нови врати и прозори. Исто така целиот под е обложен со квалитетни подни плочки.

Во овој нов простор пензионерите од Љуботен ќе остваруваат средби, состаноци, но и ќе се релаксираат играјќи табла, карти, шах и друго. Средствата за овој проект се обезбедени од буџетот на општина Бутел.

pdl1 pdl2 pdl3
pdl4 pdl5 pdl6