Отчет 2013-2017

Otcet2017Otcet2017str2
 
 
 
 

АПРИЛИЈАДА 2014

Е-пошта Печати PDF

На 01.04.2014 г. во паркот Живко Брајковски, општина Бутел се одржa деветата „Априлијада 2014“.
Во одбележувањето на Денот на шегата учество зедоа учениците од сите седум основни училишта, како и најмалите од детската градинка „11 Октомври“.
Манифестацијата имаше натпреварувачки карактер, така што беа избрани трите најубави првоаприлски маски.
Првата награда ја добија маските од ОУ „Панајот Гиновски“, втората награда отиде кај учениците од ОУ „Живко Брајковски“ и третата награда ја добија маските на учениците од ОУ „Гоце Делчев“.
Најуспешните беа наградени со пригодни подароци и дипломи за освоеното место, а сите други учесници добија благодарници за учество.
Манифестацијата ,,Априлијада 2014“ во општина Бутел беше поздравена од Градоначалникот Петре Латиновски.

a20141 a20142 a20143
a20144 a20145 a20146
a20147 a20148