ЗАВРШИ ЧЕТВРТАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ЉУБАНЦИ 2014"

Е-пошта Печати PDF

На 20.06.2014 г. во Љубанци заврши со работа четвртатата ликовна колонија „Љубанци 2014".

На годинешнава ликовна колонија учествуваа дваесетина ликовни творци од земјава и од странство. Од домашните ликовни уметници учествуваа : Данчо Ордев, Илија Богоевски, Драги Најденовски, Владимир Лазоски, Билјана Цветкоска, Џејљан Реџепи, Орце Гогов и др.
За првпат на ликовната колонија „Љубанци 2014" учество зедоа автори од Србија и Бугарија. Станува збор за афирмираните творци во своите земји: Владан Ранѓеловиќ и Сава Савов.


За една недела, колку што работеше колонијата, создадни се триесетина уметнички слики, главно со мотиви од старата љубанска архитектура, традицијата, обичаите и убавините на Скопска Црна Гора. Неколку уметници изработија и пет скулптури во дрво.
На 18.06.2014 г. се одржа и детскиот ликовен ден, кога дваесеттина најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел ги изработија своите ликовни творби и се дружеа со познатите творци и ликовни педагози, како и со градоначалникот Петре Латиновски. Селектирани се четири најубави детски цртежи, а наградите на учениците ќе им бидат доделени на ликовната изложба што ќе се одржи на есен.
Организатор на колонијата е Општина Бутел во соработка со Здружението на ликовни педагози на Град Скопје.
Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

00170034IMG 00730099