Отчет 2013-2017

Otcet2017Otcet2017str2
 
 
 
 

ЛЕГАЛИЗИРАНИ УШТЕ 50 БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

Е-пошта Печати PDF

На 11.07.2014 г. во големата сала на општина Бутел Градоначалникот Петре Латиновски на педесет граѓани им додели решенија за легализација на нивните бесправно изградени објекти. Вкупно досега се завршени 2800 предмети.

За потсетување, во законскиот рок во општина Бутел се поднесени вкупно 6374 барања за легализација.
Да го додадеме и податокот дека општинските тимови што работат на легализација имаат обработено уште 1160 барања за кои се чека разрешувањето на имотно-правните спорови. Може да се каже дека повеќе од половина барања за легализација се завршени.
Задоволството од оваа постапка е големо и кај граѓаните и кај вработените во општина Бутел бидејќи легализацијата се одвива со забрзано темпо.

IMG 0045

IMG 0047