Отчет 2013-2017

Otcet2017Otcet2017str2
 
 
 
 

КОНКУРС ЗА НАЈУБАВО УКРАСЕН ДВОР ЗА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Е-пошта Печати PDF

Општина Бутел четврта година по ред ќе избира најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќните празници. Со овој избор сакаме дополнително да ги мотивираме граѓаните, нивните дворови и куќи да заблескаат за време на претстојните празници.

Пријавувањето на празнично украсените дворови и куќи граѓаните можат да го направат на шалтер 1 во општина Бутел, на телефоните: 2 616-868 и 2 600-507 лок: 127, како и на меил адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци (име и презиме), адреса и контакт телефон, најдоцна до 25.12.2014 г. (четврток).
Комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените дворови/куќи, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсни куќи и дворови.
Наградите за најубаво „раскажаните" новогодишни бајки со помош на украси и светилки, ќе бидат наградени со по 5 000 ден. Наградите ќе бидат врачени од страна на Градоначалникот Петре Латиновски, на 05.01.2015 г. (понеделник) пред божиќните празници.