НОВА УЛИЦА ВО ЉУБОТЕН

Е-пошта Печати PDF

 

23.11.2015 г.
Општина Бутел ја започна изградбата на новопроектираната улица во с. Љуботен. Станува збор за улица што ги поврзува долниот и горниот пат во селото во близина на ОУ „Лиман Каба“ . Новата улица е во должина од 330 м. , а широка 4,5 м.
Со оваа новопроектирана улица која беше на барање на граѓаните, им се излегува во пресрет на учениците кои ќе можат директно, по скратен пат да одат на училиште. Секако, се подобрува и секојдневната комуникација на граѓаните, а се подобруваат условите и за автобусите на градското сообраќајно претпријатие што го поврзуваат Љуботен со центарот на Скопје.
Новопроектираната улица ќе чини 3 000 000,00 ден. а средставата се обезбедени од ИПАРД програмата за рурален развој.