Отчет 2013-2017

Otcet2017Otcet2017str2
 
 
 
 

Градежни активности во основните училишта

Е-пошта Печати PDF

Во општина Бутел финишираат градежните работи во неколку основни училишта.
Во ОУ „Панајот Гиновски“ е заменет стариот и дотраен кров од салонитни плочи со нов пластифициран лим и извршена е замена на целата дрвена потконструкција на кровот. Завршени се и градежните работи на фискултурната сала во ОУ „Ацо Шопов“ односно направена е целосна реконструкција на кровот. Поставен е нов пластифициран лим, заменета е громобранската лента и поставени се нови олуци.

Sl.1
Изведувач на работите е градежната фирма ГИВ „Груп“ од Скопје, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Бутел во висина од 2 400 000 денари.
Во моментот течат поголеми градежни зафати и во ОУ „Гоце Делчев“ во Љубанци, кое треба да добие нов кров, нова фасада со нови прозори и неколку новоопремени училници.

Sl.2

Sl.3