Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

ПРОЕКТИ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Е-пошта Печати PDF

Во општина Бутел градежната сезона 2016-та е во полн ек. Првиот нејзин плод е новата детска градинка во Радишани, што треба да биде пуштена во употреба до крајот на јуни. Распослана на 500 м2 градинката има капацитет за 120 дечиња. Градинката располага со 5 занимални со детски санитарии, централен простран ходник, кујна со санитарии, магацин и со директен надворешен пристап, како и административни канцеларии за воспитувачите. Останува уште да се намести детскиот мебел и останатата опрема која е пристигната, и хортикултурно да се уреди дворот на градинката. За оваа нова градинка во Радишани, општина Бутел од својот буџет издвои 11 000 000,00 ден.
Општината се подготвува за уште една нова детска градинка во Бутел 1, поточно на просторот помеѓу двете постојни градинки, во непосредна близина на ОУ „Живко Брајковски“.
Кога сме кај проектите за најмладите и образованието, во завршна фаза е комплетирањето на документацијата за изградба на новото основно училиште во Визбегово.

IMG 0018
Вакви проекти и личат на општина Бутел, бидејќи нејзиното ОУ „Гоце Делчев“ го одбележа големиот јубилеј, 150 години образование во Љубанци. По тој повод и се превзедоа големи градежни активности за реновирање на постојната школска зграда. Извршена е комплетна реконструкција на покривот, со нова потконструкција, а старите дотраени керамиди се заменети со пластифициран лим, а поставени се и нови олуци. Во завршна фаза е изградбата на новата енергетска демит фасада, како и комлетирањето на двете нови училници. За новиот лик на ОУ „Гоце Делчев“ по повод неговиот 150 годишен јубилеј, општина Бутел од својот буџет издвои 8 000 000,00 ден.

IMG 0021
Новата градежна сезона неможе да помине без зафати на патната инфраструктура. Набрзо ќе започне асфалтирањето на десет улици во должина од 3 км. Исто така, почната е санацијата на ударните дупки со која ќе бидат опфатени коловозите на над дваесет улици.
Општина Бутел се подготвува и за поголем зафат на патот Радишани – Љубанци – Побожје кој ќе се одвива во две фази. Во првата фаза ќе се направи земјено проширување на патот и создавање на услови за целосна санација и асфалтирање во втората фаза.
Општина Бутел се подготвува и за два културни настани. Од 13 – 20 јуни ќе се одржи шестата ликовна колонија „Љубанци 2016“ на која учество ќе земат 20-на афирмирани ликовни уметници од земјава и странство, додека на 25 јуни во рамките на манифестацијата „Спомени за Борис Трајковски“ ќе биде одбележана 60 годишнината од неговото раѓање.
За општина Бутел ова лето 2016-то ќе биде работно, плодно и резултатно, како и изминатите десет лета, сите во интерес и за подобар живот на граѓаните.