Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

ЈАВЕН ПОВИК

Е-пошта Печати PDF

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА БУТЕЛ
СКОПЈЕ

Врз основа на член 49 став 2 и 4 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11) и член 67 од Статутот на Општина Бутел („Службен гласник на општина Бутел“ бр.3/14 – пречистен текст и 11/14)Градоначалникот и Одделението за јавни дејности на Општина Бутел, објавува

Јавен повик
за искажување на интерес и прибирање на пријави за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација
„Љубански карневал – Прочка 2017“


1. Распределба на средствата наменети за организација на манифестацијата „Љубански карневал – Прочка 2017“ се планирани во Буџетот на Општина Бутел за 2017 година, во програма К4 - Културни манифестации и творештво, ставка 463110 - трансфери до здруженија на граѓани и фондации.

2. За организација на манифестацијата од точка 1 вкупно се предвидени 50.000,оо денари.

3. Манифестацијата „Љубански карневал – Прочка 2017“ ќе се одржи на ден 26.02.2017 година во с.Љубанци.

4. Здруженијата на граѓани кои пројавуваат интерес за доделување на средства за организирање на „Љубански карневал – Прочка 2017“ треба да ги исполнат следните критериуми:

• Да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;
• Да извршуваат активности од областа на карневалската традиција и
• Да спроведуваат активности поврзани со организација на карневал од минимум 1 (една) година.

5. Доколку ги исполнуваат критериумите од точка 4, Здуженијата на граѓани и фондации до Одделението за јавни дејности, преку архивата на Општина Бутел, треба да ги достават следните документи/прилози:

• Пријава за финансиска поддршка
• Фотокопија од решението за регистрација на здружението на граѓани и
• Предлог проект.

6. Здужението на граѓани се обврзува по завршување на „Љубански карневал – Прочка 2017“ за доделените средства да изготви финансиски извештај за добиените средства и да го достави до Одделението за јавни дејности.

7. Јавниот повик за избор трае од 13.02.2017 до 17.02.2017 година, по кој период Комисијата за избор ќе го извести избраното Здружение и истото ќе го објави на web страната на општина Бутел.


Број 157
Скопје, 13.02.2017                                                                                                                        Одделение за јавни дејности

 

Превземете...