Отчет 2013-2017

Otcet2017Otcet2017str2
 
 
 
 

ПЛАКЕТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛАТИНОВСКИ

Е-пошта Печати PDF

На 24.02.2017 година во просториите на Здружението на пензионери на општина Бутел се одржа пригодна свеченост на која присуствуваа Градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски, Претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија Љупчо Аргировски, Претседателот на ЗП Бутел Љупчо Димовски и бројни членови пензионери.

IMG 0138 Small
Имено, на оваа свеченост на градоначалникот Латиновски му беше врачена плакета по повод 70 годишниот јубилеј на Сојузот на пензионери на Македонија, за особен придонес во развојот на пензионерското организирање во Македонија. При тоа претседателот Љупчо Аргировски му изрази голема благодарност на градоначалникот Латиновски за отворените пет пензионерски клубови на територијата на општината и тоа за многу кусо време, како и за севкупното залагање и грижа за пензионерите од општината.

IMG 0149 Small
Градоначалникот Латиновски се заблагодари и се извини што не можел да присуствува на свечената академија по повод 70- годишнината на Сојузот на пензионери на Македонија, и додаде дека пензионерите секогаш му се во фокусот, а доказ за тоа е шестиот пензионерски клуб во н. Радишани што ќе биде отворен за неколку денови.

IMG 0155 Small

IMG 0168 Small

IMG 0175 Small