Отчет 2013-2017

Otcet2017Otcet2017str2
 
 
 
 

ЈАВЕН ПОВИК за работно ангажирање на невработени лица преку организирање на јавни работи на територија на Општина Бутел

Е-пошта Печати PDF

Врз основа на член 67 од Статутот на Општина Бутел (“Службен гласник на Општина Бутел“ бр. 3/14и 12/14), а во согласност со Проектот за работно ангажирање на невработени лица преку организирање јавни работи на територијата на општина Бутел бр.09-381 од 24.03.2017 година, Градоначалникот и Одделението за комунална хигена на Општина Бутел, објавува


Јавен повик
за работно ангажирање на невработени лица преку организирање на јавни работи
на територија на Општина Бутел


1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК


• Предмет на јавниот повик е работно ангажирање на 14 невработени лица преку организирање јавни работи на територијата на општина Бутел во согласност со Проектот за работно ангажирање на невработени лица преку организирање јавни работи на територијата на општина Бутел бр.09-381 од 24.03.2017 година.
• Средствата се планирани во Буџетот на Општина Бутел за 2017 година, во програма Ј4 – Јавна чистота, ставка 425990 – други договорни услуги.

• Проектот е во времетраење од една година.


2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Лицата заинтересирани за извршување на јавни работи на територија на Општина Бутел треба да ги исполнат следните критериуми:

• Да се долгорочно евидентирани како невработени и социјално загрозени лица во Агенција за вработување, со средно и понизок степен на образование, кои се ниско квалификувани и повозрасни лица (над 55 години).

3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА

Доколку ги исполнуваат критериумите од точка 2 на овој Јавен повик заинтересираните лица до Одделението за комунална хигена, преку архивата на Општина Бутел, треба да ги достават следните документи:

• Барање за работно ангажирање за извршување на јавни работи на територија на Општина Бутел;
• Потврда од Агенцијата за вработување дека е невработено лице.

Јавниот повик за избор трае од 24.03.2017 до 30.03.2017 година, по кој период избраните кандидати ќе бидат писмено известени.

 

Број 29-382
Скопје, 24.03.2017

Одделение за комунална хигена
Зоран Павлески с.р.