Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

Априлијада 2017

Е-пошта Печати PDF

На 31.03.2017 г. во општина Бутел, во паркот „Живко Брајковски“ (пред општинската зграда) се одржа единаесеттата општинска „Априлијада 2017“. Годинешнава манифестација беше во знакот на шегата и смеата претставена преку априлски мисионери (водителки) и нивната временска машина. Тие, заедно со соодветни маскирани изведувачи и музички перформанси патуваа низ времето и просторот со што се потврди константата дека шегата и смеата и покрај се, се важен дел од животот.
Во одбележувањето на Денот на шегата учество зедоа учениците од сите седум основни училишта од општина Бутел како и најмалите од детската градинка „11 Октомври“.
Манифестацијата имаше натпреварувачки карактер, така што беа избрани трите најубави првоаприлски групни маски.
Првото место го освоија учениците од ОУ „Панајот Гиновски“, втората награда ја доби ј ОУ „Св. Климент Охридски“ и третата награда ја освои групната маска од ОУ„Ацо Шопов“ кои имаа најубави поединечни еколошки маски.
Најуспешните беа наградени со пригодни подароци и дипломи за освоеното место, а сите други учесници добија благодарници за учество.

 

IMG 0098 Small

IMG 0115 Small

IMG 0133 Small

IMG 0135 Small

IMG 0138 Small