Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ПОСЕТА НА ПРАЗНИЧНО ДЕКОРИРАНИОТ ДВОР НА СЕМЕЈСТВОТО ТОДОРОВИ

Е-пошта Печати PDF

На 20.04.2017 г. Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски го посети празнично украсениот двор на семејството Тодорови.
Сашо Тодоров е извонрдно креативен граѓанин на општина Бутел, особено кога е во прашање неговиот дом и просторот околу куќата. За тоа сведочат сите жители во населбата Бутел 1, па и пошироко. Дворот на неговата семејна куќа е преубав во сите четири годишни времиња и соодветно украсен за сите поголеми празници. Така беше за Нова година и Божиќ, така беше и сега за Велигденските празници. Тој е повеќе пати наградуван на традиционалниот општински избор за најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќни празници. При врачувањето на годинешната награда, тој спомена дека ќе се обиде украсувањето да го направи и за вториот голем христијански празник, Велигден. Тоа и го стори. Неговиот украсен двор беше атракција не само за децата туку и за возрасните, независно од нивната етничка и верска припадност. На вапцаните јајца им се радуваа сите.

sl.01
Градоначалникот Латиновски изрази голема благодарност за посветеноста на семејството Тодорови и за тоа што е пример за сите граѓани на општина Бутел како треба да се уредува просторот во кој се живее, но и како треба да се сака и негува традицијата.
По тој повод му врачи на Тодоров благодарница за особен придонес во разубавувањето на општина Бутел.

sl.02
Сашо Тодоров се заблагодари и истакна дека ова внимание ќе му биде поттик за натамошно декорирање на просторот околу неговата куќа и е посебно почестен од посетата на Градоначалникот Латиновски, кој оставил голем печат во неговото образование како негов професор во средното економско училиште.

sl.03

sl.04