Отчет 2009-2012

Otcet
 
 
 
 

Започна реконструкцијата на Улица „5“ во Визбегово

Е-пошта Печати PDF

Започна реконструкцијата на Улица „5“ во Визбегово
12.07.2017 год.
Деновиве ќе започне реконструкција на Улицата „5“ во населеното место Визбегово во вкупна должина од 2056,2 м и ширината на оските на улицата од  3,5м до 4.0 метри во зависност од просторните  и теренските ограничувања, како и изградба на тротоари од  1,0 м од едната страни на коловозот (каде што дозволува теренот).

Sl.1
Реконструкцијата опфаќа, вадење на постоен асфалт (на места каде што е асфалтирано), ископ, изработка на долен строј, изработка на горен слој, изработка на тротоари. Системот на одводнување на улицата се состои од стандардно прифаќање на водата со каналетки и нејзино пренесување  со системот на решението за одводнување на постоечката главна сообраќајница. Атмосферската вода од коловозната површина на дел од улицата се одводнува со подолжни и попречни падови. Прифаќањето на истата од улицата е предвидено со бетонски каналетки кои што непречно ја прифаќаат  атмосферската вода и ја одведуваат до реципиентот.

Sl.2
Изградбата на оваа улица е од големо значење не само за граѓаните од Визбегово, туку и за целиот регион, затоа што со реконструкцијата на оваа улица битно ќе се поврзе месното население со главната сообраќајница во Визбегово  и поврзување преку главните регионални сообраќајници со градот Скопје.
Вкупниот износ на проектот е  200 000 евра. Изведувач на реконструкцијата е Вардарградба ДОО с. Трубарево.

sl.3

Sl.4