ИЗГРАДБА ТРОТОАРИ НА ПАТОТ РАДИШАНИ - ПОБОЖЈЕ

Е-пошта Печати PDF

15.08.2017 год.

IMG 0007

Oпштина Бутел ја започна изградбата на тротоар на патот Радишани – Побожје, во непосредна близина на селските гробишта.
Тротоарот ќе биде во должина од 500 м. а широчината ќе биде од 1,2 м. – 2 м. во зависност од теренските услови. Тротоарот ќе биде изграден од бекатон плочки обрабен со нови рабници.
Изградбата на тротоарот е од исклучителна важност за граѓаните што живеат на овој потег, но и за сите граѓани на Радишани што ги посетуваат гробиштата, особено за време на верските празници кога сообраќајната фрекфенција е многу голема.
Овој проект ќе чини над 1 600 000 ден. а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Бутел.
Изведувач на градежните работи е фирмата Ју – Бај од Скопје.