Отчет 2013-2017

Otcet2017Otcet2017str2
 
 
 
 

Оптчет на Општина Бутел 2013-2017

Е-пошта Печати PDF

На 25.08.2017 г. Градоначалникот на општина Бутел  Петре Латиновски,  одржа прес конференција на која го презентираше Отчетот за сработеното во периодот 2013 – 2017 година.

IMG 0051
„Денеска имам можност и задоволство да го презентирам сработеното во изминатите четири години, пред Вас почитувани граѓани да ги презентирам  реализираните проекти и дела во општина Бутел за периодот 2013-2017 година“, истакна на самиот почеток Градоначалникот Латиновски.
„Општина Бутел веќе има традиција на интензивна, континуирана и транспарентна комуникација со Вас граѓаните и колку од ветеното е исполнето ќе презентирам  денеска како моја обврска и задоволство, зашто Вие почитувани граѓани, сте клучните чинители на општината Бутел. Општина Бутел, иако најмала општина во рамките на Градот Скопје, би рекол и една од посиромашните во Република Македонија, во изминатите четири години, (без проектите што се реализираат во тековниов период март- октомври 2017), има реализирано над 230 проекти. Тоа е три пати повеќе од бројот на проектите што се ветени во програмата за изминатите четири годин“ рече меѓу другото Латиновски.
Латиновски посочи дека, голем дел од проектите се идеи и барања на граѓаните. Но, сепак, истакна Латиновски, Најважно е што директно или индиректно, бенефит од сработаните проекти имаат сите граѓани на општина Бутел.
-    Изградивме 40 улици и патишта  со 32 964 м2, во вредност од 45 128 566 ден.
-    Изградивме 10 738 метри, фекална и атмосферска канализација, како дел од 29 канализациони мрежи, во вредност од 43 391 010 ден.
Во овој отчет кој ќе стигне до секој Ваш дом, а ќе биде објавен и на веб – страната на општината, детално ќе видите и ќе прочитате и за десетиците километри поставено ново улично осветлување, за илјадниците метри нови тротоари, за донесените ДУП-ови, за двете нови индустриски зони: Расадник и Љуботенски пат, за завршените легализации на дивоизградените објекти, за проектите од културата и за се што сме сработиле во изминатите четири години.

IMG 0054
Во оваа пригода би сакал да ги издвојам поголемите реализирани проекти како што се:
-    Новото ОУ ,,Живко Брајковски,,
-    Новата градинка во населба Радишани
-    Новата спортска сала во Љубанци
-    Две повеќенаменски спортски игралишта во Бутел1 и во Бутел2, како и 9 детски забавни игралишта
-    Темелна реконструкција на 6 – те основни училишта на територијата на општина Бутел.
-    Темелна реконструкција на 2 детски градинки во Бутел2 и Скопје Север
-    Плоштад во н. Радишани со мини фонтана и забавни детски содржини и други проекти реализирани со деноноќно  и макотрпно работење во изминатите четири години.  

IMG 0060
Во завршниот дел од презентацијата на отчетот градоначалникот Петре Латиновски им се обрати на граѓаните со следнава порака:„Заедно со Вас и вербата во максимата дека секогаш може подобро и повеќе, ја градевме општина Бутел раскажувајќи ја нејзината убава и успешна приказна во изминатите четири, односно 12 години.
Бевме и сме уверени дека работата која носи подобро, секогаш е предуслов за зголемување на квалитетот на живеење на секој граѓанин.  Ја развивавме нашата општина Бутел, согласно демократските принципи, независно од етничката, верската и политичката припадност на нашите граѓани. Со заеднички сили и натаму да ја градиме општина Бутел која е веќе поставена на здрави темели, со јасно трасиран пат за понатамошен: развој, напредок и просперитет“