ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ УСПЕШНО ЗАПОЧНА ОД ОПШТИНА БУТЕЛ

Е-пошта Печати PDF

Големата акција за есенско чистење на Скопје успешно започна  на 23.11.2017 г.  од општина Бутел.

sl.1
Стотици невработени кои беа ангажирани од Град Скопје и вработените во општина Бутел задолжени за одржување на хигиената, поддржани со силната механизација од јавните градски претпријатија работеа на шест пунктови, односно населени места: Бутел 1, Бутел 2, Радишани ( населбата и селото), Скопје Север и Визбегово.
Интензивно се чистеше на десетици улици во целата општина и тоа: Бутелска, Александар Урдаревски, Цетинска, Хо Ши Мин, Петар Манџуков, Бетовенова, Душко Поповиќ, и Александар Бујнов во Бутел 1; Радишанска, Скоевска, Боро Кралевски и Амди Демир во населбата Радишани, како и улица 18 во селото Радишани.

sl.2
Се чистеа и улиците Александар Турунџев, Иван Манолев, Рокомија,  Ферид Бајрам,  Никола Петров,  Груица Војвода и  Втора Македонска Бригада во Бутел 2. Во Скопје Север се работеше на улиците: Гоце Стојчевски, Боро Менков 1 и 3, Лазо Москов и Тале Христов, додека во Визбегово на Качанички пат и ул. 3. Изметени и измиени се главните сообраќајници, како и поголемите сервисни улици што се во надлежност на општина Бутел. Се собираше шут и смет од помали и поголеми депонии, се кастреа дрва, се  собираа паднати лисја и целосно се чистеа  зелените површини,  се чистеа шахти и сливници и издувуваа  повеќе канализациони линии.
Вкупно беа собрани и товарени 300 м3 смет, шут и искастрена дрвна маса. Исчистени се 220 сливници и 78 шахти, а направено е издувување на канализациони линии во должина од 3 120 м., искастрени се 95 дрва.
За дводневната голема акција за есенско чистење на Скопје која започна од општина Бутел,  градоначалникот Велимир Смилевски на  прес конференција го изјави следното:
„Оваа голема акција за есенско чистење на градот која успешно започна од општина Бутел, ќе стане традиционална. Освен тоа што сакаме да покажеме мобилност кога хигиената е во прашање, сакаме да влијаеме и на свеста на граѓаните да ја чуваат чиста околината во која живеат. Исто така, сакам да упатам благодарност до градските јавни претпријатија  како и до граѓаните и приватните фирми кои се вклучија во чистењето на општина Бутел“ додаде градоначалникот Смилевски.   

sl.3
На 24.11.2017 г.  продолжи чистењето на следниве локации: Марко Крале ( кај големиот вијадукт на Скопската обиколница), Цетинска, Боца Иванова (кај Градските гробишта Бутел), Јужна магистрала ( кај Визбегово), Скопје Север  (се исчистија преостанатите улици и собраниот смет и лисјата се натоварија во камиони), Радишани ( од трите влезови  се натовари собраниот смет), Бутел 2 ( кај трафото), Кучевишка Бара ( десно од гробиштата  се исчисти поголема депонија).

sl.4