ОПШТИНА БУТЕЛ - ОСНОВЦИТЕ ПРИРЕДИЈА ВОЗБУДЛИВА ОРАТОРСКА ВЕЧЕР

Е-пошта Печати PDF

На, 21.12.2017 г. во преполната голема сала на општина Бутел, се одржа ораторската вечер на учениците од седумте основни училишта од општината.

 

Триесетината основци кои учествуваа во проектот ,,Млади лидери на заедниците,, на Центарот за економски политики, анализи и консалтинг (ЦЕПАК), кој се реализираше од крајот на месец август, ја приредија завршната, ораторска вечер за наставниците, родителите и граѓаните на општина Бутел.

Нивните одлични и возбудливи настапи беа посветени на три актуелни теми што нив секојдневно ги окупираат, а се однесуваат на новите технологии - компјутерите и мобилните телефони, интернетот и социјалните мрежи и тестирањето на лековите врз животните.

Присутните ги поздрави градоначалникот Велимир Смилевски кој истакна дека младите од општина Бутел секогаш ќе ја имаат неговата поддршка. Додаде дека обуките на младите ќе бидат во постојан подем, а конкретно ораторската вечер би сакал да стане традиционална манифестација во општина Бутел.

Големо задоволство од резултатите на проектот изрази и проект менаџерот на ЦЕПАК, Бобан Стојановиќ, кој додаде дека извонредните 36 ученици од основните училишта од општина Бутел се мултиталентирани деца на кои со сигурност ќе се потпира нејзината иднина независно од професијата која ќе биде нивен животен избор.    

Инаку,самиот проект помина низ неколку фази, почнувајќи со информирање на младите ученици во општината за различноста, идентитетот и можностите за вклучување на младите во демократските процеси на локално ниво. Следуваше обука за зајакнати капацитети на младите ученици во општината за соработка, толеранција, почитување и на крај се случи и синоќешната актвиност како дел од промоцијата на уметноста за убаво говорење и ораторство на младите ученици како предуслов за успешно лидерство на идните генерации.