НАГРАДЕНИ НАЈУБАВО УКРАСЕНИТЕ ДВОРОВИ 2018 ОПШТИНА БУТЕЛ

Е-пошта Печати PDF

Денеска, 05.01.2018 г. (петок), градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски ги додели наградите за трите најубаво украсени дворови, по повод новогодишните и божиќните празници.

Оваа година жири комисијата  составена од вработени во општината, одлучи да додели три први награди, со цел да го поттикне натпреварувачкиот и естетскиот дух кај граѓаните на општина Бутел.

Првонаградени се: Денчо Јосимов за креацијата од украси и светилки со наслов ,,НОВОГОДИШНА И БОЖИЌНА МАГИЈА,,, Сашо Тодоров за неговиот двор кој е украсен во стилот на ,,НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР,, и Евица и Мирко Мариќ за нивниот украсен двор и куќа со светилки во бела боја заради што нивната креација носи наслов ,,НОВОГОДИШНА БЕЛА УБАВИНА,,.

Сопствениците на трите најубаво украсени дворови за новогодишните и божиќните празници 2018, наградени се со по 5 000,00 ден. а  добија и специјални благодарници од општина Бутел. Двајца од наградените, Мирко Мариќ и Сашо Тодоров, средствата ќе ги донираат во хуманитарни цели, а Денчо Јосимов ќе ги вложи во нови украси и светилки за наредната нова година.