ЈАВЕН ПОВИК за искажување на интерес и прибирање на барања за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација „Ликовна колонија –Љубанци 2017 година“

Печати

Врз основа на член 49 став 2 и 4 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11) и член 67 од Статутот на Општина Бутел („Службен гласник на општина Бутел“ бр.3/14 и 11/14) Градоначалникот и Одделението за јавни дејности на Општина Бутел, објавува


Јавен повик
за искажување на интерес и прибирање на барања за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација
„Ликовна колонија –Љубанци 2017 година“

1. Распределба на средствата наменети за организација на манифестацијата „Ликовна колонија – Љубанци 2017 година“ се планирани во Буџетот на Општина Бутел за 2017 година, во програма К4 - Културни манифестации и творештво, ставка 463110 - трансфери до здруженија на граѓани и фондации.

2. За организација на манифестацијата од точка 1 вкупно се предвидени 120.000,оо денари.

3. Манифестацијата „Ликовна колонија –Љубанци 2017 година“ ќе се одржи во период од 10-17 јуни 2017 година, во с.Љубанци.
4. Учесниците (ликовните уметници) во периодот на одржување на ликовната колонија ќе престојуваат во интернатот на ОУ „Гоце Делчев“ од с.Љубанци.

5. Здруженијата на граѓани кои пројавуваат интерес за доделување на средства за организирање на „Ликовна колонија–Љубанци 2017 година“ треба да ги исполнат следните критериуми:

• Да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;
• Да извршуваат активности од областа на ликовната уметност и
• Да спроведуваат активности поврзани со ликовната уметност од минимум 1 (една) година.

6. Доколку ги исполнуваат критериумите од точка 5, Здуженијата на граѓани и фондации до Одделението за јавни дејности, преку архивата на Општина Бутел, треба да ги достават следните документи:

• Барање за доделување на средства за организација на „Ликовна колонија–Љубанци 2017 година“
• Фотокопија од решението за регистрација на здружението на граѓани и
• Предлог програма која ќе вклучува деловни активности со предвидените финансиски средства.

7. Здужението на граѓани се обврзува по завршување на ликовната колонија за доделените средства да изготви деловен и финансиски извештај и да го достави до Одделението за јавни дејности.

8. Јавниот повик за избор трае од 11.05.2017 до 15.05.2017 година, по кој период Комисијата за избор ќе го извести избраното Здружение.

Број 17-597
Скопје, 11.05.2017                                                                                           Одделение за јавни дејности