ЛИЧНА КАРТА НА ОПШТИНА БУТЕЛ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Со донесување на законот за нова територијална поделба, на 22 Април 2005 година се формира новата општина Бутел која во минатото беше во рамките на општината Чаир. Општина Бутел зафаќа површина од 54,71 км2

Границата на Општината Бутел започнува од западната ограда на Градските гробишта “Бутел” (тромеѓа на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер – Сандево) и се движи по улицата Македонско – косовска бригада 10 до железничката пруга Скопје Север – Ѓорче Петров, свртува на запад по железничката пруга до локалниот пат за село Визбегово, свртува по локалниот пат за село Визбегово, продолжува по надворешната граница на КО Визбегово до надвозникот на железничката пруга со магистралниот пат Блаце – Скопје, свртува на југ по магистралниот пат Блаце – Скопје до крстосницата со новата улица планирана со Генералниот урбанистички план на градот Скопје, свртува на исток по улицата до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Македонско-косовска бригада, продолжува на исток по улицата Втора македонска бригада до крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, свртува по булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, на југ до Центарот за дератизација и заобиколувајќи го излегува на границата на парк-шумата “Гази Баба” (тромеѓа на општините Бутел, Чаир и Гази Баба), се движи по западната граница на парк-шумата, ја сече улицата Ферид Бајрам и излегува на улицата Хрватска, свртува на северозапад по улицата Хрватска до крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, продолжува на север по надворешните граници на КО Бутел, КО Радишани, КО Љуботен, КО Љубанци и повторно се движи по надворешните граници на КО Радишани и КО Бутел до тромеѓата на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер – Сандево.

НАСЕЛЕНИЕ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ
ДЕМОГРАФИЈА
На територијата на Општина Бутел на последниот попис на населението (2002) биле регистрирани вкупно 36.154 жители, (18.083 машки и 18.071 женски) со просечна густина на населеност од 660,83 жители / km2. Според етничката структура најбројно население се: Македонците, најмалубројни се Ромите Власите и останатао население.
График. Демографска структура на општина Бутел според етничка припадност

Во однос на висинската распределба на населението по хипсометриски појаси може да се заклучи дека во Општина Бутел дури 91% од населението е населено во рамничарските и ридските терени до 500мм надморска височина. Само 9% од населението е населено во појасите над 500м надморска височина. Населението во Општина Бутел е населено во 8 населби и тоа: Скопје Север, Бутел 1, Бутел 2, Радишани, Визбегово, Љуботенски Пат, Љубанци и Љуботен. Најголема е населбата Скопје-Бутел со 20.943 жители, најмала Љубанци со 928 жители.
Табела: Структура на население и површина според урбан и рурален карактер

Од наведените податоци може да се заклучи дека близу три четвртини од вкупното население на територијата на Општина Бутел живее во урбана средина која зафаќа површина нешто повеќе од половина од вкупната површина на која се протега општината Бутел, а повеќе од една четвртина од населението живее во рурално подрачје која зафаќа површина нешто помалку од половина површина на која се простира општината.
Табела: Старосна структура на населението во општина Бутел

ОБРАЗОВАНИE
На територијата на Општина Бутел се наоѓаат седум основни училишта, две државни средни училишта, едно приватно средно училиште и една Јавна образовна установа – детска градинка, со седум нејзини клонови
- Вкупен број на деца по години во претшколска институција

- Вкупен број на ученици по учебна година во основни училишта

- Вкупен број на ученици по пол и учебна година во средни училишта

- Вкупен број на наставен кадар по пол и учебна година во основни училишта

- Вкупен број на наставен кадар по пол и учебна година во средни училишта

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Општина Бутел располага со плодно земјиште, добра географска положба, еколошки чиста и здрава средина, воден потенцијал, шумски потенцијал, потенцијал на минерали, културно-историски споменици, археолошки локалитети и пристап до слободна работна сила.
Табела: Школска подготовка над 15 години

Преглед на невработени лица по општини во Ноември 2020

Развојните правци на општината се ориентирани кон можностите за лесна индустрија и промовирање на можностите за инвестиции во еко-производи, лозарство и сточарство во руралниот дел на општината.
Најважни стопански гранки во општина Бутел се градежната индустрија, хемиска индустрија, текстилна индустрија, прехранбена индустрија. На територијата на општина Бутел е лоцирана и индустриската зона Визбегово. Бројот на регистрирани компании со седиште во општината е 2.000 правни субјекти.
Табела: Видови на деловни субјекти
