Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ООУ “ЖИВКО БРАЈКОВСКИ”

Општинското основно училиште „Живко Брајковски“ – Бутел, Скопје  е  институција од јавен интерес и е дел од  воспитно-образовен систем со кој се уредува дејноста на основното училиште. Се наоѓа во општина Бутел  на улицата  “Краишка, бр. 1А”.    
    Стариот објект беше од монтажен тип, изграден во 1964 година, а воспитно образовната работа е започната од 1965 година. По цели 51 годинa, воспитно-образовната работа од 2015 година  се изведува во ново изграден објект.
   Училиштето го носи името на човекот кој бил учесник во Втората светска војна и голем хуманист.  Неговиот живот бил исполнет со низа активности со крупни и примерни залагања на општественик и раководител. За неговата неуморна работа е одликуван со повеќе вредни одликувања, меѓу кои:

  • Орден „Братство-единство“ од I ред,
  • Орденот „Заслуги за народ“ од II ред,
  • „Орден за храброст“
  • Носител е и на „Партизанска споменица 1941“.

Во негова чест во скопската населба Бутел е именувано основно училиште, додека во градот Гостивар една улица го носи неговото име.
 Роден бил на 05.09.1917г. во с.Беличица, општина Маврово и Ростуше, а починал на 20.08.1963г. во Скопје.

Површина на дворот: 5700 m2
Површина на објектот: 3713 m2
Површина на спортски терени и игралишта: 1540 m2
Тип образовна институција: Општинско основно училиште
Населба: Бутел
Адреса: ул. „Краишка 1A“, Бутел, Скопје
Е-маил: zhivkobrajkovski@yahoo.com ou-zhivkobrajkovski-butel@schools.mk
Веб-страница: www.zhivkobrajkovski.edu.mk
Телефон: 02 2621 412
Директор: Магдица Пеева
Број на наставници: 63
Број на ученици: 896

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.