- ЗА ОПШТИНАТА
- ОРГАНИ НА ОПШТИНАТА
- УСЛУГИ
- ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ
- УРБАНИЗАМ
- ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
- КОНТАКТ
MK
EN
ALB
ВЕНЕ ТАСЕВ, Секретар на Општина Бутел
Вене Тасев, за секретар на Општина Бутел е назначен во Ноември 2021. Роден е во
Радовиш на 29.12.1968 година. Вене Тасев, во 1996 година дипломирал на Правниот во Скопје при УКИМ. Во 2011година положил правосуден испит.
Работно искуство:
– 2017 – 2021 Раководител на Сектор за нормативно – правни работи, јавни дејности и
општи работи
– 2013 – 2017 Секретар на Општина Бутел
– 2006 – 2013 Секретар на Општина Чаир
– 2005-2006 Општина Чаир, Помошник раководител на Сектор за правни и општи
работи
– 2004 – 2005 Општина Чаир, Раководител на Сектор за правни и општи Работи;
– 1998 – 2004 Општина Чаир, Директор на одделение за нормативно-правни работи,
општествени дејности и административни работи;
– 1997 – 1998 Општина Чаир, референт за седници на Совет
– 1996 ОУ ,,25 Мај,, – секретар на училиштето
Други функции надвор од професионалните работни обврски:
– 2002 – 2008 Експерт за правни и персонално административни критериуми во
Одделението за лиценцирање при Фудбалска Федерација на Македонија;
– 2002 – 2004 Претседател на Комисијата за Статут и прописи при Собранието на
Фудбалската Федерација на Македонија
– Попис 2002 Претседател на Реонска пописна комисија бр. 31 Чаир;
– 2001 – 2002 Потпретседател на Сојузот на боречките спортови на Македонија
Посебни квалификации, стручни сертификати, стручни проекти, семинари и обуки
за стручно усовршување:
Стручни сертификати и испити:
– декември 2021 Положен испит за стекнување со овластување за водење постапка за
отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост
– јули 2012 Добиен сертификат за положен испит по јавни набавки
– јуни 2011 Положен испит за стекнување со овластување за водење постапка за
отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на
Република Македонија
– ноември 2010 Положен стручен испит за застапник во осигурувањето
Стручни проекти:
– 2011 По барање на ЗЕЛС, Изготвувач на документ: ,, Утврдување на темите
на програмите за обука во областа на правото,, со детектирани и
утврдени тематски потреби за градење на капацитетите на единиците
на локалната самоуправа на Република Македонија
– 2010 Учесник во работна група при ЗЕЛС и коизготвувавач на ,,Правилник за
локални туристички знаци,, поддржан од владата на Кралството
Холандија;
– 2007 Учесник во работна група за проект во рамките на ЗЕЛС поддржан од
GTZ, ,,Eвиденција и управување со општинскиот имот,, ЗЕЛС, 2007;
– 2006 Учесник во работна група за проект во рамките на ЗЕЛС, поддржан од
ОБСЕ и УСАИД и коавтор на брошура: ,,Како до одобрение за градба,,
Скопје, ЗЕЛС, 2006;
– 2000 Коиницијатор на проект за создавање на услови за намалување на
невработеноста во општината Чаир преку економски развој со
формирање на мали и средни претпријатија;
– 1999 Учесник во реализација на проект за квалификација и преквалификација
на млади невработени луѓе, преку изучување на курсеви за странски
јазици, работа со компјутери и деловно работење;
Семинари и обуки за стручно усовршување:
– 2000 – 2023 Постојан учесник на многубројни еднодневни и повеќедневни семинари
и работилници во врска со јавната и државната администрација,
финансирање на ЕЛС, работно законодавство, човечки ресурси,
идентификација и анализа на општински проекти за реализација со
модели на јавно приватно партнерство (ЈПП) и друго, во организација на
домашни и меѓународни организации, институции и експерти;
– 14-16 Декември Студиски престој во Брисел, Белгија на тема:,, Процедури за јавни
– 2011 набавки,, во организација на Европската Комисија.
Познавање на странски јазици и работење со информатичка технологија:
-англиски, српски, хрватски, бугарски
-Ofice, Word, Exel и др.
Контакт: емаил: vene.tasev@opstinabutel.gov.mk тел. 02/2600 50