Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

СЕПУГС “АРСЕНИ ЈОВКОВ”

 Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ постои повеќе од 50 години. Во него се образоваат кадри во три насоки: економски техничар, бизнис администратор и правен техничар, во кои наставата се изведува согласно новите модуларно дизајнирани наставни програми. Наставата се изведува во две смени на македонски и албански наставен јазик. СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје е еден од најголемите регионални центри за средно стручно образование во РС Македонија. Од своето формирање во 1963 година до денес училиштето прерасна во едно од најпрестижните училишта во областа на стручните образовни кадри.

Со акт бр. 385 од 03 ноември 1964 година Општинското собрание на Општина Кале го основа ЕУ „Моша Пијаде“ – Скопје. 58 години постоење и опстојување, 58 години раст и развој, 58 години традиција и афирмација како најстаро односно прво училиште за економски и правни науки.  Повеќе од пет децении во чекор со оние пред нас, со оние со нас и со оние што допрва ќе чекорат и ќе ги живеат овде своите средношколски денови.

Во текот на учебната 2022/2023 година, својата основна дејност, образованието, воспитанието и едукацијата на кадри, училиштето ја изведува со 133 вработени од кои 110 се вклучени во наставата, а преостанатиот број го сочинуваат менаџерскиот тим, стручните служби и административно-техничкиот персонал. Во училиштето учат 1.035 ученика распоредениво 50 паралелки (21 на македонски наставен јазик и 29 на албански наставен јазик) во простор од 7.240 м².

Површина на дворот: 1750 м²
Површина на објектот: 7.240 м²
Тип образовна институција: Средно училиште
Населба: Бутел
Адреса: ул.Ќемал Сејфула бр.35
Е-маил: arseni_jovkov2004@ yahoo.com
Веб-страница: www.arsenijovkov.edu.mk
Телефон: 38922611195
ВД Директор: Назми Рамани
Број на наставници: 110
Број на ученици: 1.035

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.