- ЗА ОПШТИНАТА
- ОРГАНИ НА ОПШТИНАТА
- УСЛУГИ
- ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ
- УРБАНИЗАМ
- ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
- КОНТАКТ
MK
EN
ALB
MK
EN
ALB
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РСМ број 101/2019), секој граѓанин остварувањето на правото за пристап до информации од јавен карактер кои ги поседува Општина Бутел, може да го оствари на следниов начин:
Барањето за пристап до информации од јавен карактер, до Општина Бутел може да го поднесете:
Образецот на барањето за слободен пристап до информации може да го најдете на: www.opstinabutel.gov.mk . Не е задолжително да го користите овој образец, но тој може да ви помогне. Доколку не го користите образецот, во вашето барање треба да наведете дека се работи за Барање на пристап до информации од јавен карактер
Одговорот треба да го добиете веднаш, но не подоцна од законски утврдениот рок од 20 дена. Во случај на усно барање, информацијата треба да ја добиете веднаш, но не подоцна од 5 дена од барањето. Во исклучителни случаи, на барањето би можело да се одговори во подолг рок, но не повеќе од 30 дена.
Рокот може да биде продолжен во случај:
1) кога информацијата е од поголем обем;
2) кога се обезбедува делумен пристап.
Општина Бутел како имател на информацијата, преку назначеното службено лице за посредување со информации од јавен карактер, ќе постапи по поднесеното барање. Во зависност од содржината на барањето може:
Бараната информација може да ја добиете на следниве начини:
Во барањето треба да го наведете начинот на кој сакате да се запознаете со содржината на бараната информација, како и начинот на кој сакате да ви биде доставена истата.
Ако не добиете одговор во законски пропишаниот рок или ако не сте задоволни со одговорот, имате право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Образец на барањето за слободен пристап до информации
Лица за посредување со информации и правна помош за иматели и за баратели на информации од јавен карактер во Општина Бутел се:
Сузана Илиевска
е-пошта: info@opstinabutel.gov.mk
Ебру Емини
е-пошта: portparol@opstinabutel.gov.mk
Одговорно лице за полесен пристап и поддршка на лицата со попреченост:
Никола Стојковски
е-пошта: nikola.stojkovski@opstinabutel.gov.mk
Овластено лице за заштитено внатрешно пријавување:
Валентина Зенговска Стефановска
е-пошта: valentinaz.stefanovska@opstinabutel.gov.mk
тел. +389 2 2600 506 лок.123
ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје
понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.