Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ЈОУДГ 11 ОКТОМВРИ -СТРАШО ПИНЏУР

Објектот  „Страшо Пинџур“ е изграден 1962/63 година и е клон на ЈОУДГ „11 Октомври“. Градинката се наоѓа во Бутел 1, на улица Натанаил Кучевешки бб-Бутел. Објектот се состои од осум занимални, исполенти со шест групи, од кои две групи се со дечиња до две годишна возраст и четри групи се со дечиња од две до шест годишна возраст. Оваа градинка ја посетуваат сто триесет и осум  дечиња. Градинката  својата функција ја реализира низ следните облици на работа: целодневен престој за деца до две годишна возраст, целодневен престој за деца од две до шест годишна возраст и полудневен престој во траење од 4-6 саати, за деца една или две години пред поаѓање во училиште (овие деца се опфатени во групите со целодневен престој). Воспитно-образовната работа во оваа градинка се реализира на македонски јазик. Работното време на градинката е од 6 до 18 часот.

          Името оваа градинка го добила по познатиот македонски комунист, учесник во НОБ, Страшо Пинџур. Тој бил роден како Страхил Пинџуров во Ваташа на 3 Март 1915 година, а починал на 4 Јануари 1943 година. Умрел доста млад и  неговото тело било закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гоб. При водењето на дневникот што го водел тој, запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.

Површина на дворот: 3190 м2
Површина на објектот: 640 м2
Тип образовна институција: ЈОУДГ “11 Октовмри” – Р.Е. “Страшо Пинџур”
Населба: Бутел 1
Адреса: ул. Натанаил Кучевешки ББ -Бутел, Скопје
Е-маил: straso11oktovri@gmail.com
Веб-страница: https://11oktomvri.edu.mk
Телефон: +38926149954
Директор: м-р Мими Зашовска
Број на воспитувачи/ негователи: 4 воспитувачи; 6 негователки
Број на деца: 138

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.