- ЗА ОПШТИНАТА
- ОРГАНИ НА ОПШТИНАТА
- УСЛУГИ
- ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ
- УРБАНИЗАМ
- ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
- КОНТАКТ
MK
EN
ALB
Објектот „Чаир“е изграден 1973 година и е клон на ЈОУДГ „11 Октомври“, се наоѓа во Скопје Север на улица „2-ра Македонска бригада“ бб, Бутел. Оваа градинка се состои од десет занимални, исполнета со две групи на деца до две годишна возраст и осум групи на деца од две до шест годишна возраст. Оваа градинка ја посетуваат тристотини дечиња. Градинката својата функција ја реализира низ следните облици на работа: целодневен престој за деца до две годишна возраст, целодневен престој за деца од две до шест годишна возраст и полудневен престој во траење од 4-6 саати, за деца една или две години пред поаѓање во училиште (овие деца се опфатени во групите со целодневен престој). Воспитно-образовната работа во оваа градинка се реализира на македонски јазик и албански јазик. Работното време на градинката е од 6 часот до 18 часот. Ритамот на денот во установата се прилагодува на активностите и потребите на децата, а условен е од плановите на дневните активности кои се составен дел на Годишниот план на работа.
Името на матичниот објект е Денот на народното востание на македонскиот народ, познат и само како 11-ти Октомври – државен празник. Поради самиот факт дека се работи за голем настан од Македонската историја, се организираат разни свечености , прослави и се положува цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Површина на дворот: 3290 м2
Површина на објектот: 1718 м2
Тип образовна институција: ЈОУДГ “11 Октовмри” – Р.Е. “Чаир”
Населба: Скопје Север
Адреса: ул. 2-ра Македонска бригада ББ- Бутел, Скопје
Е-маил: cair11oktomvri@gmail.com
Веб-страница: https://11oktomvri.edu.mk
Телефон: +38922621937
Директор: м-р Мими Зашовска
Број на воспитувачи/ негователи: 8 воспитувачи; 10 негователки
Број на деца: 296