Поред активното чистење на депониите на територија на општина Бутел, градоначалникот Дарко Костовски со својот тим, отпочна со акцијата за чистење и целосно уредување на речното корито на реката Серава. Во оваа прва фаза се отпочна со чистење во населеното место Радишани и фазно се продолжува во населените места Расадник, Кучевишка Бара и Бутел 1. Во втората фаза ќе се продолжи со целосно уредување на кејот на река Серава и изградба на трим патека со сите пропратни елементи. Конечно овој деценски проблем со реката Серава ќе биде надминат и конечно граѓаните на општина Бутел ќе имаат едно убаво катче за прошетка и рекреација.