Денес, го чествуваме патрониот празник на ООУ “Ацо Шопов” и одбележуваме 100 години од раѓањето на македонскиот поет.
Наша најголема цел и обврска е да му овозможиме на секој ученик успешно да ги надмине сите предизвици, да постигне најдобри резултати и подготвено да зачекори кон следните образовни процеси.
Голема благодарност до директорката и наставничкиот персонал, кој секогаш се стреми да образува, воспита и гради личности кои ќе бидат истакнати и горди граѓани на нашата општина.
Брилијантните дела на Ацо Шопов, денес се наоѓаат во сите универзитетски и другите големи библиотеки ширум државата, но и светот. Оттука, со гордост можеме да кажеме дека неговиот придонес за истакнувањето на македонската песна е безвременски.
Нека е честит патрониот празник !