За првпат Општина Бутел организира ваков тип на обука, а со тоа и вложува во надградување на оние кои работат со нашите деца.
Врсничкото насилство или булинг е многу актуелна тема, со којашто секојдевно се соочуваме сите ние, а особено најмладите.
Секоја форма на насилство треба да се пријави кај наставниците, психологот или директорот. Секој училишен психолог е должен да изнајде решение за проблемот, да му помогне на детето кое го доживеало булингот и да ги подготви неговите родители како да се справат со стресната ситуација во која се наоѓа детето.
Токму преку овие обуки, директно се помогна на образовниот кадар како полесно да се справуваат со несаканите ситуации.
Обуките беа наменети за професионален развој на наставниците, стручниот кадар, воспитувачите, негувателите и раководните кадри на основните училишта и градинката. За успешно завршената обука, сите учесници добија сертификати.
Предавањата беа организирани од универзитетски професори кои со своите компетенции соодветно го пренесоа знаењето на оваа специфична тема.
Општина Бутел и во иднина ќе продолжи да инвестира во дообучување и надградување на наставниот кадар, со цел нашите најмлади да учат и да се развиваат во здрава средина.