Од депонија, до ново урбано место за жителите на општина Бутел.
Во населбата Радишани, на местото познато како “Жегровец” поточно на поранешната депонија на улица “8”, се изгради ново урбано катче.
Ново детско игралиште со модерни содржини и мека подлога, нов летниковец за одмор и ново зеленило, се дел од содржините на овој простор.
Ова е уште едно исполнето ветување на градоначалникот Дарко Костовски, дадено на граѓаните.
До крајот на неговиот мандат, секое населено место ќе добие свое катче за рекреација.
Општина Бутел се менува!