Започна учебната година за сите првачиња во Општина Бутел.
Градоначалникот Дарко Костовски ги посети сите општински основни училишта. Од ООУ “Гоце Делчев”, “Лиман Каба”, преку ООУ “Ацо Шопов”, “ Св. Климент Охридски”, “Живко Брајковски”, па се до “Петар Здравковски – Пенко” и “Панајот Гиновски”, градоначалникот се дружеше и другаруваше со првачињата.
Општина Бутел и оваа година, за секое прваче обезбеди квалитетно анатомско ранче. Покрај ранчето, обезбеден е и училишен прибор. Наскоро, сите ученици ќе добијат и училишни униформи.
Градоначалникот Дарко Костовски на сите првачиња им посакува многу успех, другарување, многу насмевки и радост!
Општина Бутел во наредниот период ќе обезбеди и дополнителни олеснувања за родителите, а ќе продолжи и со инвестициите во образованието и унапредување на наставата.