Стипендистот на општина Бутел Ајремин Јусуфи освои златен медал на Медитерански игри во боди билдинг, коишто се одржаа на 12 ноември 2023 год. во Малта.
Покрај тоа, Ајремин е во групата на петте најдобри во својата категорија, на европско ниво.
Ајремин гордо се натпреварува за Македонија.
Покрај стипендијата, општина Бутел му помага на Ајремин пред секое големо натпреварување.
Ајремин е добар човек и одличен спортист кој е максимално фокусиран на спортските предизвици.