Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид на надвозникот на вкрстувањето на стариот Качанички пат и Јадранска магистрала.
Надлежност над овој мост во Визбегово има Град Скопје.
По замолница од ЦУК, од општина Бутел беа превземени низа активности изминатиот период. Расчистена беше трасата околу мостот, беа отстранети сите бетонски коцки коишто претставуваа дополнителна опасност.
По денешниот состанок кој се одржа на покана од ЦУК, на кој присуствуваа претставници од МВР, Министерството за транспорт и врски, РСБС поточно сите засегнати страни освен Град Скопје, од сите присутни беше констатирано дека надлежност над овој мост има Град Скопје. Надлежноста за реконструкција на мостот ја има Град Скопје.
Градоначалникот Дарко Костовски ги повика надлежните од Град Скопје да дејствуваат правовремено и да го санираат мостот, за да се избегнат несакани последици.