Вечерва, градоначалникот Дарко Костовски го свика кризниот штаб на општина Бутел, имајќи ги в предвид најавите и временската прогноза за врнежи од снег во текот на ноќта.
Градоначалникот издаде налог и насоки за подготвеност на фирмата за зимско одржување, за брзо и ефикасно справување со евентуалните врнежи од снег.
Дежурни екипи од комуналното одделение ќе бидат поставени на најкритичните места, доколку има поголеми наноси на снег.
Градоначалникот Дарко Костовски ги увери граѓаните дека надлежните служби на општината се подготвени за реакција и како и во минатите 2 години, општината е подготвена за справување со големи наноси од снег.