Во предвечерието на големиот христијански празник, општинското основно училиште “Св. Климент Охридски” го прослави патрониот празник.
Градоначалникот Дарко Костовски ги поздрави присутните и истакна дека основното училиште со гордост го носи името на првиот писател и просветител, првиот словенски Епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Во еден традиционален стил, овогодинешната свечена манифестација потсети дека сите граѓани треба да се почитуваат меѓусебно, да ја сакаат и негуваат традицијата и да ја чуваат Република Македонија.
Свети Климент, кој ја создаде кирилицата учеше: “Тргај се од злото и прави добро!”.
Токму оваа негова мисла треба да биде водилка – да создаваме и правиме добро, добро за нашиот народ, за нашите граѓани, за идните генерации.