ООУ “Живко Брајковски” доби нови компјутери, со кои се заменија старите и дотраени компјутери. Покрај новиот кабинет за информатика ООУ “Живко Брајковски” доби и смарт табли.
Со новите компјутери и смарт табли општина Бутел ја модернизира, унапредува и ја олеснува наставата на учениците.
Со оваа инвестиција бројот на нови компјутери за две години надмина над 100 и се опремија нови 5 кабинети по информатика.
Инвестирањето во општинските основни училишта ќе продолжи со зголемен интензитет и ќе продолжи подобрувањето и унапредувањето на наставата на учениците.