“Кога ноќе за дома си одам,
вјасаница, под стреите темни,
надушувам – до куќата родна
со оружје в рака враг ме демне!”
Ќе запише големиот Вапцаров во својата песна Татковина.
Денес беше одбележано раѓањето на македонскиот поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров.
Овој ден беше обележан со неговите литературни творби и со традиционалните македонски ора.
По положувањето на свежо цвеќе, во големата општинска сала беа изведени песните на големиот поет и револуционер,во изведба на учениците од основните училишта.
„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“, ова е позната мисла на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров кажана во „Реферат“ напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во 1938 година.
Во песната „Земја“ најотворено ја изразува својата национална припадност и пишува за својата татковина Македонија.
Вечна му слава на македонскиот херој.