Денес беше одбележан патрониот празник на ООУ “Ацо Шопов” и одбележана 41 година од основање на училиштето.
Присуството на голем број истакнати личности е само една потврда дека ова општинско училиште е меѓу најдобрите основни училишта во Република Македонија.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до директорката и наставничкиот персонал кои секогаш се стремат да образуваат, воспитуваат и градат личности кои ќе бидат истакнати и горди граѓани на општина Бутел.
ООУ “Ацо Шопов” е училиште кое секогаш било во фокусот на градоначалникот и наскоро ќе следуваат уште многу големи капитални проекти.








