Учениците од општинското училиште „Живко Брајковски“ во изминатиот период учествуваа на натпревар организиран од „Инова“ агенција за иновации, научно технолошки развој и предприемништво под наслов „ Зеленикс“.
На овој настан учество земале околку 40 тимови од различни училишта.
Учениците од ООУ„Живко Брајковски“ го претставиле проектот „Трчај зелено“ и освоиле награда за НАЈАПЛИКАТИВНО РЕШЕНИЕ.
Вториот проект што беше презентиран и изработен од учениците е проект за меѓуетничка интеграција каде учениците изработиле QR кодови кои може да се скенираат со пораки за добро однесување.
Општина Бутел продолжува со активности кои поттикнуваат успешни ученици.












