Општина Бутел и Невладината Организација Извор, поделија 150 пакети со основни намирници за социјално загрозени семејства на територија на Општина Бутел

Изминатиов период сите заедно живееме тешко време, соочени со последиците предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот.

Во овие тешки времиња за Сите Нас, Општина Бутел и Невладината Организација “Извор”, вчера изминатиов период  организираа хуманитарна акција за социјално загрозени семејства од територија на Општина Бутел.  Во акцијата беа поделени пакети со основни намирници на 150 незгрижени социјално загрозени семејства, кои овие денови се справуваат со предизвикот да го поминат денот и да се прехранат.

Општина Бутел стои на располагање  за сите социјално загрозени семејств,и во иднина да помогне  и да подаде  рака во време на оваа криза за никој да не остане со празен стомак.