ОПШТИНА БУТЕЛ ОТПОЧНУВА АКЦИЈА “ДОНИРАЈ ГО СВОЈОТ СТАР КОМЈУТЕР”

Со почетокот на изведбата на он-лајн наставата за учениците која отпочна како последица од затаварање на училиштата од пандемијата со корона вирусот, увидовме дека не секое семејство има дома компјутер за своето дете ученик.

Од таа причина, доколку  СЕКОЈ ОД ВАС има персонални комјутери кои не ги користите или на кои кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација ( куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус) да ги донирате во Општина Бутел. Општина Бутел и ИТ Секторот ќе ќе ги оспособуваат технички донираните комјутери кои подоцна ќе ги поделиме во општинските основни училишта на Бутел, каде што директорите на училиштата веќе имаат списоци со поднесено барања од родители кои не се во можност да ја следат наставата од овие причини.

 Доколку СИТЕ и единствено  се вклучиме во акцијата ќе  успееме да донираме  компјутер за секој ученик од социјално загрозено семејство, каде има деца ученици од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование.

Можеби ќе се сетите дали имате дома, или во канцеларија компјутер кој веќе не го користите, а некому би му донел , средство за комуникација и учење на наставното градиво.

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ ДА СИ ПОМОГНЕМЕ ВО КОРОНА КРИЗАТА СИТЕ ЗАЕДНО!