Денеска во градинката во Радишани се отвори првата најопремена сензорна просторија во Република Северна Македонија за деца со атипичен развој

Денеска во градинката во Радишани се отвори првата најопремена сензорна просторија во Република Северна Македонија за деца со атипичен развој. На отворањето на оваа сензорна соба денеска присуствуваа градоначалникот Велимир Смилевски, градоначалникот Петре Шилегов и Санела Шкријељ, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика.
 Во заедничка инвестиција со град Скопје од околу 1,5 милиони денари ја опремивме досега најдобрата сензорна просторија која ќе овозможи на децата со атипичен развој односно развојни задоцнувања што полесно да ги надминуваат потешкотиите.
 На почеток ќе се примаат децата од градинката 11 Октомври и со нив ќе работи постоечкиот стручен кадар, а со зголемување на стручните лица ќе се прошири и опсегот на деца.
Општина Бутел во континуитет создава услови за подобрување на квалитетот на живот и на децата но и на семејствата.

99050841_2635944096653936_1711604249105793024_o
98164685_2635944749987204_4111714579216596992_o
99348755_2635944673320545_9116911926574579712_o
100696670_2635944193320593_9186935462755827712_o
98187228_2635944589987220_1813239058118213632_o
98581172_2635944393320573_2024528028624748544_o
98441348_2635944889987190_8019793025079181312_o