Индустриската зона „Визбегово“ во општина Бутел до сега функционираше без комунална инфраструктура. За нејзин поголем развој, потребно беше е да се постави водоводна и канализациона мрежа.


Овој голем проект е помогнат од централната власт и се работеше во две фази.
Првата фаза беше изградбата на 7,3 км должина на водоводна мрежа.
А во завршна фаза се градежните работи за изградба на канализациона мрежа .
Со ова не само што ќе овозможиме повеќе услови за работа на постоечките компании, туку и ќе создадеме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции во општина Бутел.
Во зоната, во континуитет се работи на серија активности за изградба и реконструкција на локални улици предвидени во програмата за активности на Општина Бутел
Имено, станува забор за изградба и реконструкција на 20 тина локални улици до сега со површина од 6.000 м2 . На дел од овие локални улици изградени се тротоари и поставени се канделабри.
Реконструиран е дел од стариот Качанички пат во Визбегово со површина од 2.000 м2.
Во тек е изградба на улица која води до ново проектираното училиште во Визбегово каде што е поставена канализација и водовод на истата која беше обврска на општината за отпочнување на изградба на училиштето во Визбегово.