ДЕСЕТТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ,,ЉУБАНЦИ 2020,,

Денеска (понеделник), 24.08.2020 г. во Љубанци  почна со работа јубилејната десетта ликовната колонија ,,Љубанци 2020,,.

  На годинешнава јубилејна ликовна колонија учествуваат дваесетина ликовни творци од земјава и само еден од странство, заради состојбата со корона вирусот. Од овие причини беше променет и традиционалниoт термин на одржување на колонијата, од јуни кон крајот на август. Секако, за време на одржувањето на ликовната колонија ќе бидата превземени сите мерки за заштита и ќе бидат испочитувани сите протоколи пропишани од комисијата за заразни болести.

 Од домашните ликовни уметници учествуваат нашите реномирани автори: Данчо Ордев, Новица Трајковски, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Боро Арсовски, Ели Чочова, Мирослав Славковиќ, Харалампие Манчев, Сашо Поповски, Оливер Настески и др.

И на годинешнава ликовна колонија ,,Љубанци 2020,, учествува Владан Ранѓеловиќ, уметник од Србија, како единствен странски учесник.

За една недела, колку што ќе работи колонијата, ќе бидат создадни околу триесетина уметнички слики, главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора. И годинава, неколку уметници ќе работат скулптури во дрво и мермер.

Исто така, на 27.08.2020 г. (четврток) ќе се одржи и традиционалниот детски ликовен ден, кога дваесеттина најталентирани ученици од основните училишта во Општина Бутел, заедно ќе творат со познатите уметници и ликовни педагози.

Организатор на ликовната колонија е Општина Бутел во соработка со Здружението на ликовни педагози – Скопје.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Ликовната колонија ќе работи до 31.08.2020 г.