ГРАД СКОПЈЕ СО УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПРОЕКТ

📣

Согласно рамномерно развиен град со инфраструктура поволна за сите граѓани, без оглед на кој дел од градот припаѓаат, денес Град Скопје најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај Момин поток која е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот. 

📌

 Со изведбата на овој голем проект во вкупна вредност од 18 милиони евра предвидена е изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем.