ОПШТИНА БУТЕЛ ГО ПРОСЛАВИ 16-ТИОТ РОДЕНДЕН

Со најискрени детски пораки, песни и насмевки, учениците од сите училишта на територијата на општина Бутел и дечиња од градинката, го честитаа 16-тиот роденден на Општина Бутел. Поголема честитка не можеше да се посака од прекрасните, креативни и уникатни изработки на учениците. За успешното одвивање на манифестацијата, уметникот Живко Поповски-Цветин, на директорите на училиштата им подари “Монографија” и уметничка слика со неговите бравурозни цветни креации. На крајот дечињата заедно со градоначалникот Велимир Смилевски пуштија во воздухот 16 големи балони со цел да го одбележат роденденот на општината и да ги испратат пораките за мир, среќа и благосостојба.