ОПШТИНА БУТЕЛ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА СО ФАРМЕРИ

Општина Бутел денес потпиша меморандум за заедничка соработка со Националната Федерација со фармери, а во насока на реализација на проектот за воспоставување и опремување на сензорната соба во рамките на О.У “Живко Брајковски“. Целта на заедничката соработка е да се подобри социјалната инклузија на децата со посебни потреби кои редовно ја посетуваат наставата во основното училиште, односно подобрување на квалитетот на образовниот процес како за постојните така и за сите идни генерации на ученици со посебни потреби во рамките на училиштето. Проектот е финансиски поддржан од Националната федерација на фармери и сопствено учество на Општина Бутел.